Бојта ИНГ дооел експорт-импорт Скопје е компанија која се занимава со производство, изведба, планирање и консултацииа за сите видови сообраќајни знаци и опрема. Целокупната производна програма е строго регулирана со важечки норми и прописи што се применуваат на ова поле во Р. Македонија, како и во ЕУ и во светот.

Во својата деловна активност, Бојта ИНГ дооел Скопје учествува и работи во следново:

– Дизајн и дигитално ажурирање и поднесување документација за сообраќајни решенија и времени сообраќајни решениа за време на градба и обезбедување на манифестации;

– Означување на хоризонтална сигнализација на патиштата, паркинзи, гаражи и слично;

– Изработка и инсталација на вертикална сигнализација, знаци, патокази и сите видови на табли и ознаки;

– Изведба на забавувачи на брзината;

– Изработка и инсталација на сигнализација со фиксна и променлива содржина заснована на ЛЕД технологијата;

– Сообраќајна опрема-галантерија и опрема за регулирање на патишта;

– Изработка и инсталација на знаци за заштита при работи на пат и знаци за известување;

– Изработка и инсталација на комерцијална графика (реклами, табли на брендови, излози на прозорци и сл.)

Бојта ИНГ дооел Скопје има на располагање производствени капацитети опремени за целосно производство и инсталирање на сите видови сообраќајни знаци и опрема и ги применуваат најновите технички софтвери и програми за дизајнирање, развој и производство од идејата до крајниот производ.

Компанијата ги применува предностите на најновите технолошки решенија и производство на материјали во производството на сообраќајни знаци од акредитирани производители во светот, како што е 3M. Бојта ИНГ дооел Скопје поседува сертификати за технолошки постапки што се применуваат при реализација на производите и препораките стекнати врз основа на квалитетот на нивната работа при справување со барањата од оваа област.