Логирање

За логирање треба да го отворите линкот https://www.bojta-ing.com.mk/wp-admin и да ги внесете потребните податоци за влез.

Уредување на стандардни страни

За да ги уредувате стандардните страни кои се состојат од обична содржина како текст и слика (пр. About Us страната), потребно е да отидете во Pages во левото мени и да ја одберете страната што сакате да ја уредувате. По кликнувањето на страната ќе ви се отвори WordPress едиторот кој е составен од блокови про што секој блок може да биде слика или текст, како и YouTube видео, галерија и сл. Во случајов има слики и текст. Откако ќе ја уредите страната, во горниот десен агол кликнувате на синото копче “Update” и страната ќе биде зачувана со најновите промени.

Уредување на страната со галерија на слики

Во левото мени, како и претходно, потребно е да изберете Pages, а потоа „Галерија“. Откако ќе ви се отвори страната, ќе ги видите фотографиите кои се веќе поставени како пример. Ако кликнете на некој фотографија, ќе ви се појават опции за менаџирање на таа фотографија:

  1. Со кликање на стрелките може да го менувате редоследот на фотографиите
  2. На левата икона може да ја замените сликата со друга, на десната икона „Х“ ја остранувате сликата од галеријата.

За да додадете нови фотографии во галеријата, потребно е да отидете најдолу на страната, да кликнете на некој од последните слики за да го означите блокот со слики и со кликање на копчето Upload да поставите нови фотографии.

Главни слики на предната страна

За да ги менаџирате сликите кои ротираат на предната страна веднаш под менито, треба да ја отворите страната „Почетна“ преку менито “Pages”, исто како и за претходните страни. Откако ќе ја најдете секцијата Main images, со кликнување на некоја од веќе поставените фотографии, слично како и кај галеријата, може да замените или да избришете слика.

Социјални мрежи

За да ги менаџирате линковите за социјалните мрежи (инстаграм, фејсбук и твитер), треба да ја отворите страната „Почетна“ преку менито “Pages”, исто како и за претходните страни. Откако ќе ја најдете секцијата Social Links, треба во секое поле да го поставите линкот во полињата до вашите налози на секој од социјалните мрежи

Менаџирање на банерот во долниот дел на страницата

За да го менаџирате банерот кој се наоѓа во долниот дел на страната, треба да ја отворите страната „Почетна“ преку менито “Pages”, исто како и за претходните страни. Откако ќе ја најдете секцијата Banner footer, исто како и претходно, со означување на сликата ќе се појават икони за бришење или замена на сликата. Постапката е иста како и за другите фотографии.

Каталози

За менаџирање на каталозите, треба да ја отворите страната „Почетна“, како и за претходните акции, да ја најдете секцијата Downloads каде што веќе има поставено примери.

Доколку застанете со маусот врз некој од каталозите, на десната страна ќе ви се појави иконка „-“ со која може да ги отстраните поставените примери. За додавање на нов каталог, кликнете на копчето Add new document, по што ќе се појавинов ред со празни полиња.

Полето број 1 е за да прикачите PDF фајл, полето број 2 е за насловната страна од каталогот, полето 3 е за наслов на документот кој се појавува на предната страна. Откако ќе ги пополните полињата, потребно е да кликнете на копчето Update кое се наоѓа на десната страна од страницата.

Уредување на вести

За да ги уредувате вестите, треба преку менито да го отворите линкот Posts. Ќе ви бидат прикажани сите објавени статии/вести. Со кликнување на секој од линковите, може да ја уредувате веста или да ја избришете. Уредувањето е исто како и кај Pages, едитoрот е стандарден WordPress. На следниов линк може да научите повеќе доколку не сте го корителе WordPress претходно. https://www.youtube.com/watch?v=fKbZuxo7RxE

Преводи

За да преведете одредени страни или статии, треба прво да ја објавите статијата на Македонски, а потоа со кликнување на иконките под соодветниот јазик да го отворите едиторот за превод.

Откако ќе го отворите едиторот, ќе ви се прикаже следниот екран

С кликнување на полето 1, го активирате полето за едитирање (2) каде што треба да го внесете преводот. Откако ќе го внесете, кликнувате на копчето (3) по што автоматски ќе бидете префрлени на следниот блок. За да се активира преводот, потребно е да ги преведете сите полиња, или да ја поставите оригиналната содржина само со кликнување на копчето (3).

Во долниот дел на страната може да видите колку проценти е преведено. За да може да кликнете Complete треба да биде целосно преведено, односно 100%.